Бразилецот оваа година беше најскапото засилување на Барселона, но на Камп Ноу пристигна дури во јануари за 160 милиони евра откако претходно во летниот преоден рок Ливерпул одби неколку понуди.
Филипе Кутињо немаше право да настапува во Лигата на шампионите, и по неговото денешно издание против Валенсија многу фанови на Барса се запрашаа што ќе беше доколку плејмејкерот настапеше во Рим.
Бразилецот запиша две асистенции, а фудбалските љубители особено ги воодушеви со давањето до Луис Суарез за првиот гол. Филипе Кутињо покажа одлична фудбалска визија, и со надворешно ефе испрати топка недостижна за одбрамбените играчи на гостите а идеална за Уругваецот.
Some players can see what others can’t… This @Phil_Coutinho pass to set up @LuisSuarez9 (with a fantastic run) for Barcelona’s opener v Valencia is incredible.#BarçaValencia pic.twitter.com/EaK0yTDopg
— Luis Melville (@LuisMelville) April 14, 2018