Агентот на Санчез „го следи“ Манчестер јунајтед, Мурињо го краде Чилеанецот од лутиот ривал Гвардиола?!

by
1 минути читање

Алексис Санчез во
летниот преоденрок беше на чекор до Манчестер Сити, но Арсенал во последен
момент се повлече од зделката.

По повредата на
Габриел Жесус, „Граѓаните“ сега го обновија интересот и доставија понуда вредна
20 милиони фунти.

Се најавуваше
дека Чилеанецот следната недела ќе се пресели на Етихад, но сметките на Пеп
Гвардиола може да ги поремети неговиот стар непријател, Жозе Мурињо.

Медиумите од
„Островото“ пишуваат дека Манчестер јунајтед доставил понуда од 25 милиони
фунти, а „Црвените ѓаволи“ во зделката можат да го вметнат и Хенрих Михитарјан.

По ваквите
шпекулации, фановите од црвената половина на Манчестер забележаа дека агентот
на Алексис Санчез, Фернандо Фелисевич на Твитер следи малку клубови, еден од
нив е токму Манчестер јунајтед, па навивачите почнаа да сонуваат дека Жозе
Мурињо ќе го украде играчот од лутиот градски ривал.

Во меѓувреме,
новинарот Макс Карденас откри дека покрај Манчестер јунајтед, во трката се
приклучува и Ливерпул, но додава дека играчот го има последниот збор и Алексис
сака да игра под водство на Пеп.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани