Агентот на Олмо испрати силна порака: Барселона е негова прва и последна опција!

by bojan
2 минути читање
Олмо Лилард

Агентот на Дани Олмо, Енди Бара очекува Барселона да најде решение и да го регистрира неговиот клиент за продолжението од сезоната, во моментов тие не размислуваат за заминување.

Дани Олмо остана без регистрација за продолжението од сезоната откако Барселона не достави доволно докази за нови приходи, па иднината на фудбалерот е под голем знак прашалник.

„Ситуацијата е стресна, но Дани е голем човек и се обидува да биде смирен. Секако, Дани е победник и сака да ги игра натпреварите, не да ги гледа“ – вели агентот Енди Бара.

Во договорот на Шпанецот има клаузула со која тој може да стане слободен играч доколку не биде регистриран, но во моментов Дани Олмо не размислува да повлече еден ваков потег.

„Не преговараме со ниту еден клуб, Барселона е прва и последна опција! Дани, неговиот татко, семејството, јас, никој не размислува за друга опција. Секако, можат да се добијат големи пари кога играчот е слободен, но важни се и емоциите. Никогаш не сме носеле одлуки базирани само на парите. Дани го обожава фудбалот, направи голем напор за да се пресели во Барселона. Сите сме среќни што конечно се пресели во Барселона, тој е еден од најдобрите играчи во светот во еден од најголемите клубови во светот“.

Тој потоа додаде: „Го почитуваме претседателот Лапорта и Деко. Направија голем напор да го ангажираат Дани минатото лето. Ни се допадна нивниот проект, голем проект за иднината, еден од најдобрите во светот во следните години. Убедени сме дека Барса ќе ги освои сите титули во иднина, како во ерата на Меси“.

„Да бидам искрен, јас сум спокоен бидејќи верувам дека Лапорта и Деко ќе најдат решение за Дани“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани