Агентот кој го однесе Нејмар во ПСЖ сега тропна на вратата на Бразилецот со понуда од Реал Мадрид

by
1 минути читање

„Кралевите“ сакаат
да го ангажираат Нејмар, Флорентино Перез веќе се сретна со таткото на
напаѓачот, а на зделката работи и Пини Захави.

Бизнисменот од
Израел, кој минатото лето стоеше зад рекордниот трансфер на Бразилецот во ПСЖ,
сега на играчот му ја презентирал понудата на „Кралевите“.

Како што пренесува
УОЛ Еспорте, Пини Захави минатата недела имал средба со адвокатите на Нејмар во
Хотелот Емилијано во Сао Пауло, и ги разгледувале економските детали од предлогот
на Реал Мадрид.  

УОЛ Еспорте исто
така додава дека ПСЖ е подготвен да го корегира договорот на Нејмар со цел да
го убеди да остане на Паркот на Принцовите и покрај тоа што клубот неодамна
негираше дека играчот побарал поголема плата.

Но големи се
шансите тоа да не биде доволно бидејќи Бразилецот има неколку причини поради
кои сака промена на средината. УОЛ Еспорте цитира пријател на играчот кој вели дека „пет
месеци му изгледаат како пег години“
на Нејмар во Париз .

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани