Бразилецот беше
прва цел на „Каталонците“ изминатово лето, самиот играч достави барање за
трансфер но Ливерпул не сакаше да слушне за негова продажба.
Сепак, Барса не
губи надеж и според денешното издание на Спорт, клубот од Камп Ноу на стартот
од 2018 тргнува во нова офанзива.
Каталонскиот
весник пренесува дека агентите на Филипе Кутињо пристигнуваат во Европа со
намера да го комплетираат трансферот и на 3. јануари ќе бидат одржани серија
состаноци. Според Спорт, овие средби ќе бидат клучни и ќе ја одредат иднината
на играчот.
Барса преку
агентите на Филипе Кутињо со месеци е во контакт со лидерите на Ливерпул и се
обидува да договори бројка која ќе биде прифатлива за двете страни.
Се говори за
зделка од 140 милиони евра, сума која ќе треба да биде платена на неколку рати.
Ливерпул нема да даде никаков попуст ниту пак да прифати одредени фудбалери на
Барса да бидат вметнати во трансферот.
Спорт исто така
додава дека „Каталонците“ сакаат сите услови јасно да бидат прецизирани уште во
првата недела од јануари, и доколку преговорите не се јасни тие ќе се повлечат
со цел да имаат доволно време да се насочат кон други алтернативи.