Аџиќ вчера му пресуди на својот Јувентус, но во Премиерлигата ова немаше да помине

by bojan
1 минути читање

Василије Аџиќ беше херојот на Сасуоло на натпреварот против Јувентус, погоди во 94. минута за победа од 3-2, но младиот напаѓач не се радуваше многу со оглед на тоа дека „бјанконерите“ се неговиот матичен клуб.

Сасуоло и Јувентус вчера одиграа возбудлив натпревар со драматичен финиш, домаќините стигнаа до победа во 94. минута, откако Василије Аџиќ му пресуди на својот Јувентус, младиот црногорски фудбалер е на позајмица на „Мапеи“ токму од „старата дама“.

„Навистина чудни и незаборавни емоции“ – рече Василија Аџиќ, кој одби да го прослави голот од почит кон Јувентус.

„Пропуштив две одлични шанси, но третпат не можев да промашам, бидејќи реализацијата е една од моите најважни квалитети“.

„На денешен ден минатата година го постигнав првиот гол за Јувентус во победата над Интер во дербито, а сега постигнав гол против мојот Јуве!“.

Но во Премиерлигата ова немаше да биде можно, таму се ставаат клаузули со кои на фудбалерите кои се на позајмица им се забранува да настапат против своите матични клубови и да не се дојде до онаа народната „Со свој камен по глава“.

ФОТО: X/U.S. Sassuolo

Можно е и ова да ти се допаѓа

×