„Кралевите“ се во
длабока криза поради која отидоа на -19 во однос на лидерот Барселона, но избраниците
на Зинедин Зидан конечно се освестија попладнево и славеа во Ли Лига по месец
ипол.
Адријан донесе
шокантно водство за Депортиво на Бернабеу, но овој гол само придонесе Реал
Мадрид да го истури бесот врз противникот.
Со головите на
Начо и Бејл, домаќините уште до полувреме го свртеа резултатот во своја корист,
за потоа во вторите 45 минути до врв да ја наполнат мрежата на гостите.
Бејл скокна
највисоко по еден корнер и донесе 3-1 во 58. минута, за Лука Модриќ со
прекрасен удар од врвот на шеснаесетникот да финишира една олдична акција на
Бејл и Роналдо за 4-1 во 68. минута. Десет минути подоцна и Роналдо се запиша
во стрелците. Португалецот доби топка на подалечната статива каде небранет од
никого погоди за 5-1.
ЦР7 во 84. минута
стрелаше по втор пат за 6-1, а точка на натпреварот стави Начо со својот втор
гол на средбата.