Адеми не жали што ја одбрал Македонија: Со гордост го носам црвено-жолтиот дрес

by
1 минути читање

Аријан Адеми
имаше настапи за младинските селекции на Хрватска, но кога требаше да бира за
која селекција ќе игра во сениорска конкуренција ја одбра Македонија.

Тој е роден во
Шибеник, но неговите родители имаат потекло од Македонија. Неговиот дедо
побегнал во хрватскиот град за време на втората светска војна.

Во интервју за
хрватските медиуми тој вели дека не жали што ја одбрал Македонија, напротив, со
гордост настапува за нашата репрезентација.

„Моите врски со
Македонија се големи и силни. Од семејни приказни па до денес кога со гордост
го носам дресот на репрезентацијата на моите предци. Кога одбрав да играм за
Македонија бев свесен за мојот избор и знаев дека веќе нема назад. Не жалам што
го направив тоа, секогаш радосен одам на собирите на репрезентацијата
“, изјави
Адеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани