Адејеми е страшен, погледнете каков спринт направи во 90. минута (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Барселона во убедливата победа против Расинг Сантандер постигна дури седум гола, a по натпреварот една од темите е и новото засилување Карим Адејеми.

Германскиот репрезентативец одигра одличен натпревар од првата минута и постојано ја тероризираше десната страна од противничката одбрана, која едноставно немаше решение за него.

Моментот кој посебно приблече внимание се случи во самиот финиш на натпреварот, поточно во 89. минута, кога покажа за каков физички доминантен фудбалер станува збор. Иако се ближеше крајот на исцрпувачкиот натпревар, Адејеми изведе неверојатен спринт и со огромна леснотија претрча неколку дефанзивци на Расинг, како натпреварот штотуку да започнал.

Во ситуација во која можеше сам да ја заврши акцијата и да се запише меѓу стрелците, покажа голема несебичност, го почека Јамал и му асистираше за конечни 7-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×