33 годишниот Емануел
Адебајор моментално настапува за турскиот суперлигаш Истанбул Башакшехир, со
кој сезонава може да го освои тамошниот шампионат.
Тој не заборава за тоа
како си замина од Арсенал пред осум години, по што направи трансфер во
Манчестер Сити.
„Јас имав средба со
Венгер пред да си заминам, тој ми рече дека повеќе за мене нема иднина во
клубот, ако останам, нема да играм, бев приморан да си заминам, а не сакав.
Кога се приклучив на Манчестер Сити, станав многу среќен потоа“ вели Адебајор.
Интернационалецот од
Того никогаш не ја криел својата наклонетост кон Жозе Мурињо, за кого велеше
дека тој е тренер кој сака да победува, а за Венгер издвои дека е тренер кој
сака да развива млади талентирани фудбалери и од нив да направи големи ѕвезди,
францускиот стратег го нарече фудбалски професор.
„По моето заминување го
гледав Венгер на пресконференција како вели дека сум си заминал поради парите,
од тогаш потекнува мојата омраза кон тој клуб“ додаде напаѓачот.
Големите љубители на
фудбалот сигурно нема да го заборават моментот кога Адебајор погоди против
својот поранешен клуб и се упати кон трибината каде беа сместени гостинските
фанови, кои беа гневни поради тој негов потег, по мечот тој изјави дека се
чувствувал како затвореник кој излегол на слобода.
„Играв за клубот речиси
четири години. Ме купија за три или четири милиони, а ме продадоа за 27
милиони, и на крајот велат дека сум заминал за пари?“ истакна Адебајор.
„Можат да ме напаѓаат,
немам никаков проблем со тоа, но да ме навредуваат дека мојот татко чистел
слонови?“ додаде тој.