106
Новиот стадион на Челси требаше да има 60.000 седишта и да чини една милијарда фунти, но барем засега неговата изградба е стопирана.
Абрамович не сака да инвестира во голем проект во земја каде што не му е дозволено да живее.
Пред неколку недели му истече визата на Абрамович која не му беше продолжена.
Одложувањето на нова виза доаѓа по дипломатските тензии меѓу Лондон и Москва откако беше отруен поранешниот руски шпиун Сергеj Скрипаљ во Салсбјури.