Левиот бек во
2011 доби лоши вести, поточно дека боледува рак и мораше веднаш да замине на
операција. Следната година одново беше „под нож“, овој пат за трансплатација на
црн дроб.
Ерик Абидал ја
победи болеста и успеа да се врати во дресот на Барселона, но тој повеќе не
беше истиот фудбалер, и по кратка авантура во Монако и Олимпијакос реши да се
пензионира.
Французинот сега
откри повеќе детали за периодот кога бил надвор од стројот.
„Чувствував болка
која ќе ја паметам целиот живот, не можев да ја поднесам” – вели Абидал. „Кога докторот ми
кажа дека ќе правам втора операција бев среќен! Не би сакал никој да страда на
ваков начин”.
Тој исто така
раскажа и една епизода со Лео Меси, и тоа како целиот тим бил погоден од она
што му се случувало.
„Бев многу слаб,
и пред еден натпревар направив видео за момците со цел да ги развеселам, им
кажав да не се грижат бидејќи се уште се држам и сум тука. Знаeте што ми кажа
Меси? Повеќе не ни испраќај вакви видеа, не боли многу. Не гледав така на
работите, им велев дека само ги охрабрувам, а тие ми кажаа дека кога ме гледале
мене како да гледале мртовец и биле многу вознемирени”.
Ерик Абидал исто
така открива дека плачел кога Тјери Анри дошол да го посети во болница.