71
Хари Кејн и Хуго Лорис имаа можност да се сретнат со
Диего Марадона, тој не ги криеше импресиите за членовите на англискиот
премиерлигаш Тотенхем, а притоа му подели и некој совет на Хари Кејн, кој се
чини дека му е омилен.
„Ох… каков голгетер! Маурицио има џокер во тимот, Хуго
брани речиси се’ што е
можно да се одбрани, а Хари сите шанси ги претвора во гол“ рече Марадона.
„И, Хари, не мора секогаш да погодуваш близу дирекот, и менувај
ја страната… Знаеш зошто? Затоа што голманите те гледаат на ТВ постојано,
така да, наредниот пат, промени го тоа!“ му порача славниот аргентински
фудбалер на неверојатниот голгетер кој важи за еден од најдобрите во моментов,
ако не и најдобар напаѓач во светот.