Веќе пишувавме за информациите до кои дојдоа дел од
медиумите на Островот, за големото незадоволство кај фудбалерите на Челси
поради интензитетот во методите на тренинзите кои ги практикува Антонио Конте.
Ситуацијата се чини отишла предалеку, па така „The Sun“ пишува дека
фудбалерите на Челси им недостасувало влијанието кое во тимот го имал
поранешниот асистент-тренер Стив Холанд, па тие со него развиле контакт откако ситуацијата
со Конте ја минала границата.
Холанд важеше за личност која беше на големо почитувана
од фудбалерите на Челси, а тој го напушти „Стемфорд Бриџ“ изминатото лето за да
му помага на англискиот селектор Герет Саутгејт на клупата на Гордиот Албион.
Бранителот на титулата во англиската Премиерлига со 16
освоени бода по девет одиграни кола се наоѓа на четвртото место на табелата, со
дури девет бода заостанување зад лидерот Манчестер Сити.