187
Договорот помеѓу Адидас и Милан требаше да трае до 2023 година, но уште на почетокот на овој месец излегоа информациите дека тој ќе биде раскинат наскоро.
Адидас 20 години ги правше дресовите на Милан, а според актуелниот договор му плаќаше по 19,7 милиони евра на италијанскиот клуб.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан ќе потпише договор со Пума кој има помала вредност од тој со Адидас. Годишната сума која ќе ја добиваат росонерите ќе изнесува помеѓу 10 и 15 милиони евра по сезона.