70
Ливерпул беше во целост надигран вчера на гостувањето кај
Тотенхем и забележа висок и убедлив пораз од 4-1.
Бледо издание кај гостите имаше дефанзивецот Дејан Ловрен кој
беше заменет по само 31 минута игра, по водство од 2-1 за Тотенхем.
Хрватот беше на мета на критики кај фановите на Ливерпул
поради бледото издание и неколкуте негови грешки кои придонесоа за пораз на
тимот на Јирген Клоп, а тој веќе направи потег на социјалните мрежи, кој
сигурно нема да им се допадне на фановите на Ливерпул.
Ловрен се одлучи да го повлече Ливерпул како клуб од
неговата биографија на социјалните мрежи, исто така ја повлече својата профилна
фотографија и оневозможи коментари на неговиот профил.