Беше жешко на Велодром, полицијата го чуваше Нејмар за Бразилецот да изведе корнер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Нејмар ја искуси атмосферата на француското „Ел класико“, Бразилецот добро го започна натпреварот со гол, но потоа беше испровоциран од играчите на Марсеј, во финишот од сребдата ги загуби нервите и доби два брзи жолти картони.

Напаѓачот исто така беше мета и на навивачите, кои креираа пеколна атмосфера на Велодром.

Во вториот дел, кога Нејмар се обиде да изведе еден корнер, кон теренот полетаа еден куп предмети.

Па на помош мораше да притрча полицијата и обезбедувањето за Нејмар да може да нафрли од аголот на игралиштето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани