Милан одигра само 0-0 со Џенова, Коларов со нова мајсторија донесе победа за Рома (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан имаше три порази во низа во Серија А пред денешното коло, и избраниците на Винченцо Монтела попладнево против Џенова на Сан Сиро требаше да се вратат на победнички патеки.

„Росонерите“ добро ја започнаа средбата, но потоа Бонучи поцрвене откако со лакт удри противнички играч и ги остави соиграчите на цедило.

Домаќините и со фудбалер помалку се обидоа да стигнат до три бода, притискаа и Калиниќ можеше да се прослави, но напаѓачот не успеа да се снајде во 75. минута кога требаше само да пружи нога и да ја зафати нафрлената топка на Сусо.

Рома стигна до минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Торино.

Стрелец на погодокот вреден три бода беше Александар Коларов, Србинот одново мајсторски биеше од слободен удар за големо славје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани