364
Кошмарот на Леонардо Бонучи во дресот на „Росонерите“ продолжува. По серијата лоши партии, тој денеска ги остави соиграчите на цедило откако поцрвене со помош на ВАР.
Дефанзивецот имаше еден дуел со противнички играч при нафрлена топка од прекин, и со лакт го удри во глава.
Судијата се консултираше со видео технологијата, и откако ги прегледа повторените снимки, го испрати Леонардо Бонучи во соблекувална.
Се уште не е јасно колку натпревари ќе паузира Италијанецот, но медиумите шпекулираат со два или три натпревари, и со евентуална ваква казна тој нема да биде во комбинација за дуелот со Јувентус.