234
Англиските медиуми пишуваа дека Озил ги информирал своите пријатели дека во јануари заминува за Манчестер јунајтед.
Но денес „Сан“ пишува дека Озил е изненаден од пишувањата, дури и се налутил. Тој не преговарал со Манчестер јунајтед, а не бил ниту свесен за нивен интерес.
Договорот на Озил со Арсенал му истекува по крајот на сезоната, во моментов нема понуда од клубот за продолжување на соработката.
Од јануари тој слободно може да преговара со други клубови за трансфер, а на лето да си замине како слободен играч.