157
Шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад уште во раната фаза на
мечот во Скопје дојде до минимална предност од 0-1 во мечот од третото коло од
групата „Л“ во Лига Европа.
Вардар можеше до израмнување, а најсериозната прилика за
тоа ја имаше Тигран Барсегјан.
Фелипе упати „снајперска“ асистенција до Барсегјан кој
излезе сам, очи во очи со противничкиот голман во 29. минута, но не се снајде
во оваа ситуација па пропадна една огромна прилика за нашиот претставник во
овие моменти од средбата.
