Венгер влезе на теренот на „Маракана“ во Белград и… (ФОТО)

by
1 минути читање

Црвена Звезда вечерва на домашен терен во Белград го
пречекува Арсенал во третото коло од групата „Х“ од Лига Европа.

Интересен момент уловија фоторепортерите на дел од
српските медиуми по излегувањето на теренот од страна на Арсен Венгер, кој
веднаш сакаше да се увери во квалитетот на теренот.

Тамошните медиуми тврдат
дека нема простор за сомнеж поради тоа што од неодамна теренот на арената „Рајко
Митиќ“ или многу попозната како „Маракана“ по старо, доби нова тревна подлога.

Арсенал со шест бода е на челната позиција во оваа
конкуреција, Црвена Звезда со четири бода е веднаш зад неа, следи БАТЕ Борисов
со еден бод, а Келн засега е без ниту еден освоен бод.

 

Извор/Фото: sportske.net

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани