Миле Свилар вчера
го сруши рекордот на легендата Икер Касиљас, и со 18 години и 52 дена, стана
најмладиот голман со настап во Лигата на шампионите.
Но неговото деби
од соништата се претвори во кошмар откако во 64. минута лошо процени една нафрлена
топка, и наместо да боксува, тој со топката во раце заврши во сопствената
мрежа.
За ваквиот кикс
можеби заслуга има и Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед имал
подготвено специјална тактика за Миле Свилар.
„Жозе ни кажа што
повеќе да шутираме и да нафрлуваме топки во шеснаесетникот бидејќи нивниот
голман е млад и го игра првиот натпревар” – откри Немања Матиќ по крајот на дуелот.
„Таков е
фудбалот. Знам дека тој е одличен голман и му посакувам се најдобро во иднина”.
Самиот Мурињо
додаде: „Знаев дека се работи за многу добар голман, но имавме одредени
статистики и информации за нафрлени топки од прекини, па моравме да му ја
направиме работата пеколно тешка”.
„Па при корнерите
се обидовме што повеќе луѓе да има околу него и да го ставиме под притисок, а
за слободните удари знаевме дека ризикува многу. Навистина многу”.
„Само најдобрите
голмани ризикуваат како него. Па ни се посреќи”.