Свилар се извинуваше до навивачите на Бенфика, Лукаку го тешеше (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Бенфика загуби минимално од Манчестер јунајтед на домашен
терен во третото коло од групата „А“, а голот за гостите дојде при една
кардинална грешка на младиот 18 годишен чувар на мрежата на Португалците, Миле
Свилар.

Рашворд упати центаршут од голема далечина во 64. Минута,
а истиот одеше во голот на домаќините, при што Свилар не реагираше соодветно.

По мечот, Белгиецот кој стана најмладиот учесник како
голман во Лигата на шампионите и го надмина Икер Касилјас, се извинуваше до
навивачите на Бенфика, а го тешеше неговиот сонародник, Ромелу Лукаку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×