Вечерва се играат првата рунда натпревари од третото коло
во групите од Лигата на шампионите, а дуелот на вечерта се игра на „Сантијаго
Бернабеу“, каде бранителот на европскиот трон, Реал Мадрид на домашен терен го
пречекува Тотенхем во рамките на групата „Х“.
Веќе излегоа почетните состави на обете екипи, а од тоа
што можеме да го проследиме, францускиот стратег од клупата на домаќините,
Зинедин Зидан за вечерашната пресметка уште од првата минута му дава шанса на
тинејџерот од Мароко, 18 годишниот Акраф Хакими, кој засега има два настапи во
сениорскиот тим на тимот од Мадрид.
Реал Мадрид: Навас, Рамос, Варан, Роналдо, Крос, Бензема, Модриќ,
Марсело, Касемиро, Хакими и Иско.
Тотенхем: Лоис, Алдервирелд, Вертонген, Санчез, Кејн, Диер,
Сисоко, Љоренте, Ериксен, Орие и Винкс.
Интересен натпревар се очекува и на „Итихад“ арената каде
Манчестер Сити пред своја публика ќе ги одмери силите со Наполи кој игра во
фантастична форма и несомнено е дека нема да излезе со бело знаме во дуелот
против тимот кој е најголем претендент за титулата во Премиерлигата оваа
сезона.
Група „Х“
Реал Мадрид – Тотенхем
АПОЕЛ – Борусија Дортмунд
Група „Г“
Лајпциг – Порто
Монако – Бешикташ
Група „Ф“
Феенорд – Шахтјор
Манчестер Сити – Наполи
Група „Е“
Марибор – Ливерпул
Спартак Москва – Севилја
Извор/Фото-вест: uefa.com