Дел од медиумите во Шпанија направија „каша попара“ со почетниот состав на Тотенхем (ФОТО)

by
1 минути читање

Бранителот на европскиот трон Реал Мадрид, вечерва на
домашен терен на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува Тотенхем во третото коло од
групата „Х“ од Лигата на шампионите.

И двете екипи засега имаат максимален учинок од победи,
откако славеа над АПОЕЛ и Борусија Дортмунд, па се очекува возбудлив фудбал во
Мадрид.

Сепак, дел од медиумите во Шпанија доста аматерски го
најавија потенцијалниот почетен состав на гостите од Островот.

Ванјама е повреден, Деле Али е суспендиран, Трипие
никогаш нема играно на позицијата на која е наведен, Вертонген не е напишан правилно,
Сон е поставен за десен бек, што е помалку смешно ако се земе во предвид дека
игра во шпицот на нападот, а „капак“ на сево ова е тоа што Кејн се најде како
полушпиц веднаш зад Бен Дејвис, кој всушност поради настинка ќе биде вон
комбинација за настап вечерва…

Интересно секако се очекува да биде и во Англија на
дуелот помеѓу Манчестер Сити и Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани