Челси има одличен напаѓач кој НЕ може да го врати па е приморан на друго место да бара голгетер, желба на Конте се две имиња

by
2 минути читање

„Сините“ во
последните денови од летниот преоденрок се обидоа да ангажираат нов голгетер,
кој ќе треба да биде замена за Алваро Мората, но не успеаја во намерата откако
во последен миг, Тотенхем им го украде Фернандо Љоренте.

Челси го има Миши
Батшуаји, но Антонио Конте не верува премногу во Белгиецот, па инсистира да
пристигне нов напаѓач во јануари.

Шампионот на
Англија на својот платен список има интересен напаѓач во името на младиот Тами
Абрахам, кој оваа сезона беше испратен на позајмица во Свонси со цел да собере
искуство од настап во Премиерлигата.

20 годишниот
Англичанец веќе има пет гола зад своето име во дресот на Свонси и импресионира
со своите игри.

Сепак, Челси не
може да го врати во своите редови, медиумите од „Островото“ пишуваат дека
„Сините“ во договорот вметнале само клаузула за минимален број на натревари кои
Тими Абрахам треба да ги одигра.

Па клубот од
Стемфорд Бриџ на друго место ќе треба да бара нов голгетер, и се верува дека
Антонио Конте веќе идентификувал двајца играчи, се работи за
Џејми Варди од Лестер и Кристијан Бентеке од Кристал Палас.

Останува да се
види дали овие напаѓачи би прифатиле еден ваков трансфер со оглед на тоа дека ќе
бидат резерва во Челси, за разлика од сегашниот статус на практично сигурни
првотимци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани