Бен Фостер поради бизарна повреда го пропушти мечот со Лестер

by
1 минути читање

Синоќа ВБА му гостуваше на Лестер во последниот натпревар на колото во Премиерлигата, дуелот заврши 1-1, а изненадувачки стандардниот Бен Фостер не беше во игра.

По натпреварот, тренерот на ВБА, Тони Пулис откри дека Фостер се повредил играјќи со својот син.

„Тој си играл со својот син во градината и наеднаш му крцнало коленото, бидејќи претходно имаше проблеми со лигаментите, малку бевме загрижени“ – вели Пулис.

„Немаше никаква шанса да ризикуваме и да го внесеме во игра“.

Ова е само уште една бизарна повреда во фудбалскиот свет. Минатиот месец, играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио пропушти натпревар од Лигата на шампионите откако добил инфекција од депилирање на нозете.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани