Бартон без влакна на јазикот: Гвардиола е можеби најдобриот на светот, но дајте му го буџетот на Барнли…

by
2 минути читање

Манчестер Сити гази се пред себе, на добар пат е до крај
да се бори за титулата во англиската Премиерлига, а можеби и им се насмевнува
големиот успех.

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола го предводеше својот тим
до деве победи во серија, со што по осум одиграни кола во Премиерлигата и 22
освоени бода Манчестер Сити е прв на табелата без ниту еден пораз засега.

Но, контроверзниот 35 годишен фудбалер на Барнли, Џои
Бартон не мисли дека успехот на Сити е дело на Гвардиола, тој посочи да му се
даде буџетот на неговиот клуб, за да на дело се видат тренерските способности
на Шпанецот, мислејќи на саботниот триумф на Сити од 7-2 на домашен терен над
Стоук.

Гвардиола е можеби најдобриот во светот, но дајте му го
буџетот на Барнли и нема да можете да видите 7-2.
Да не се
залажуваме…
“ напиша Бартон на социјалните мрежи.

Што се однесува пак до Барнли, на оваа екипа и оди
одлично во најсилниот англиски фудбалски шампионат, а Бартон, тој е суспендиран
поради незаконско обложување пред неколку месеци, а ќе биде вон фудбалските
терени 18 месеци, од кои шест веќе изминаа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани