Мурињо ќе го продолжи договорот со Јунајтед, но под еден услов

by
2 минути читање

„Специјалниот“ ја
одработува втората сезона од три годишниот договор кој го доби во 2016 кога
седна на жешкото столче на Олд Трафорд, и лидерите на клубот сакаат да ја
продолжат соработката со стратегот.

Жозе Мурињо, кој
заработува околу 15 милиони фунти по сезона, е подготвен да стави потпис на нов
договор, но само доколку добие знчајно покачување, како на платата така и на бонусите, кое ќе го
рефлектира прогресот кој клубот го забележа под негово водство.

Португалецот
минатата сезона донесе трофеј од Лига Купот и Лига Европа, а го врати клубот и
во Лигата на шампионите.

Оваа сезона
Манчестер јунајтед ја стартуваше уште подобро, „Црвените Ѓаволи“ се втори на
табелата во Премиерлигата со два бода помалку од Манчестер Сити, и имаат две
победи во Лигата на шампионите за максимални шест поени.

Избраниците на
Жозе Мурињо не знаат за пораз, и стилот на игра и формата на овој Манчестер
јунајтед се најимпресивни во последните четири години откако Сер Алекс Фергусон
замина во пензија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани