Арсенал игра променливо оваа сезона, последното разочарување за „Топчиите“ беше поразот од Ватфорд кој дојде во 92. минута од натпреварот.
Лаказет во Арсенал пристигна како големо засилување кој постигна 37 голови во 45 натпревари минатата сезона. Францускиот напаѓач постигнуваше најмалку по 20 голови во француската лига во изминатите три сезони.
За Арсенал, Лаказет досега има постигнато четири гола на осум натпревари. Но многумина се прашуваат дали фудбалерот го добива вистинскиот третман од Арсен Венгер.
Поранешниот легендарен ирски фудбалер, сегашен аналитичар, за „Тајмс“ го прокоментира случајот на Лаказет.
„Францускиот напаѓач одигра 90 минути само еднаш оваа сезона. На првиот меч против Лестер. Од тогаш тој играше: 78, 28, 66, 83, 71, 68 минути. Тоа ја руши неговата самодоверба. Ајде Арсен, дај му поддршка на твојот централен напаѓач. Тие потрошија толку пари на него и го третираат само како уште еден обичен играч во составот“ – вели Каскарино.
Фановите на Арсенал на социјалните мрежи го изразуваат своето незадоволство поради вообичаеното заменување на Лаказет. А англиските медиуми пишуваат дека фудбалерот може да стане незадоволен поради ваквиот третман.