Кларенс Сидорф
неодамна отвори профил на Инстаграм и сега е прилично активен на социјалните
мрежи.
Во еден од своите
последни постови, тој говори за трансферот од Сампдорија во Реал Мадрид во 1996.
„Реал Мадрид
сакаше да ме ангажира кога имав 14 години, но родителите не ме пуштија бидејќи
морав да завршам училиште во Холандија. Се сложив” – пишува легендата на „Лалињата“.
„Кога играв во
Италија, по крајот на последниот натпревар во сезоната, бев во паркинг гаражата
на стадионот и слушнав како некој ми дофрлува: „Еј, Кларенс, ќе дојдеш ли со
мене во Реал Мадрид?“. „Да, господине“ – беше мојот одговор. Тоа беше гласот
на Фабио Капело, а останатото е историја”.
Кларенс Сидорф на
Бернабеу пристигна летото во 1996 и три години подоцна, во декември 1999, замина
во Интер.
Тој во дресот на
„Кралевите“ се радуваше на титула од Ла Лига, Лигата на Шампионите, Суперкупот
на Шпанија и Интерконтиненталниот куп.