„Низ трње до ѕвездите“ – фановите на Милан очигледно занат што ги чека, ова е кореографијата од вчера (ФОТО)

by
2 минути читање

Дербито на Милано
секогаш привлекува големо внимание, така беше и вчера, Интер се пофали со рекордна
продажба на билети и приход од 4,8 милиони евра.

Атмосферата беше
фантастична, актерите на теренот имаа голема заслуга за тоа, и можби само
потфрлија тифозите со својата кореографија пред почетокот на средбата.

И додека во
минатото имало далеку поспектакуларни кореографии, она што привлекува внимание е
интересната порака на гостинските навивачи.

Милан се мачи во
последните неколку години, па откако клубот премина во рацете на сопственици од
Кина, фановите се надеваат дека пред нив се светли денови и враќање на
победничките патеки.

Летоска беа
потрошени преку 220 милиони евра за десет нови имиња, но резултатите на стартот
од сезоната не се задоволувачки.

Јасно е дека на
Милан ќе му треба уште многу работа, а фановите како да знаат што ги чека пред
да дојдат нови славни денови, па се одлучија за латинската изрека
Per
aspera ad astra
“ (низ трње до
ѕвездите)
, заедно со мотиви од историскиот споменик на Милано, Арко дела Паче.

Домашните тифори
пак имаа едноставна кореографија и пораката „Дади гол, стори
го тоа за Норд
“ алудирајќи на најжешката трибина на стадионот, Курва Норд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани