78
Средбата на Џузепе Меаца започнува во 20:45, а домаќините нема да можат да сметаат на Марсело Брозовиќ.
Хрватот импресионираше на дуелот со Беневенто со два гола, но поради повреда вечерва нема да биде во комбинација.
Се очекуваше Жоао Марио да ја превзеде неговата улога, но медиумите од Италија велат дека Лучано Спалети ќе направи изненадување и Весино ќе ја добие улогата на „треквартиста“.
Никола Калиниќ е повреден кај Милан, па нападот на „Росонерите“ ќе го предводи Андре Силва, а друштво во форот најверојатно ќе му прави Сусо.