75
Клубот од Северен Лондон имаше предност по првиот дел со голот на Мертесакер и имаше шанса пред време да го реши победникот, но Озил промаши зицер.
Потоа Дини изедначи од пенал, а Клеверли во судиското надополнување го шокираше фаворитот.
По крајот на натпреварот, Арсен Венгер го обвини судијата за поразот и се пожали дека пеналот бил скандалозен.
На ова врати капитенот на Ватфорд, Трој Дини кој му порача на Арсен Венгер: „Слушнав дека веќе го обвинил судијата и пеналот за претрпениот пораз“.
„Не сум јас тој кој треба да му кажува на господинот Венгер работи за него, но не загубија поради пеналот“.
„Немаат „кохонес“ (муда), мислам дека тоа е правиот збор“.