Меси остана без магија на Ванда, Барселона прв пат загуби бодови оваа сезона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Колчонероси“ се
првиот тим кој оваа сезона ја сопре Барса, избраниците на Диего Симеоне напорно
работеа за 1-1.

Со црврста игра
во одбраната, Атлетико лесно се справуваше со нападите на „Каталонците“ во
првиот дел, а од една од своите ретки шанси за гол успеа и да погоди.

Саул Нигез биеше
неодбранливо од врвот на шеснаестникот за 1-0 во 21. минута од средбата и големо славје на Ванда Метрополитано.

Но Барса притисна
посилно во вториот дел, Атлетико почна да го губи здивот па стигна изедначување
преку Луис Суарез во 82. минута.

Гостите потоа
тргнаа и по цел плен, Меси имаше шанса за победа во 93. минута преку слободен
удар од 17. метри, но намерата да го измами Облак со шут во неговиот агол се
покажа како погрешна.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×