174
Реал Мадрид беше
на прагот на уште едно разочарување кое дополнително ќе го оддалечеше од одбрана на титулата, но Кристијано Роналдо во право време стапи на сцена.
Во едно скромно со шанси прво полувреме, „Кралевите“ дојдоа во водство во 39. минута. Бензема
искористи една грешка на домаќините за 0-1.
На стартот од
вториот дел, Хетафе изедначи на 1-1 преку Молина и најавија нова бламажа
на шампионот.
Сепак, во 85.
минута, Иско одлично го проигра Роналдо, а ЦР7 со својот прв гол оваа сезона во
Примера донесе 1-2 и три бода.