Шпанецот летоска
ја лансираше иницијативата „Комон гол“, ветување дека ќе донира најмалку 1% од својата плата во
хуманитарна организација.
Тој ги повика
колегите фудбалери да му се придружат, но одзивот е прилично слаб.
Од звучните имиња
кои тоа го сторија се само само Матс Хумелс и Џорџо Кјелини, а на ицијативата се
приклучија и Германците, Серж Гнабри и Денис Аого, Австралиецот Алекс Броске, како и две фудбалерки од САД, Алекс Морган и Меган Рејпино.
Што е уште
пожално, во иницијативата не се приклучи ниту еден играч од Премиерлигата, каде
платите се драстично поголеми во однос на останатиот дел од Европа, а да не
зборуваме за светот.
Хуан Мата се
претпоставува дека заработува околу 7 милиони фунти годишно, па значи дека тој
ќе треба да одвои 70.000 фунти, плата која ја заработува за половина недела.
Истото важи и за
сите други играчи, треба да се откажат од сума која ќе ја заработат со
појавување на тренинг три-четири дена во неделата, но очигледно парите повеќе
им се трошат на скапи автомбили, забави и луксузна облека и часовници наместо
на тоа да им помогнат на оние кои најмногу им треба.
Сепак, Хуан Мата
не губи надеж и вели дека најверојатно неколку соиграчи до Манчестер јунајтед
ќе му се придружат. „Веројатно следната недела ќе можам да соопштам големи и
добри вести”.
„Убеден сум дека
некои од моите соиграчи ќе се приклучат. Треба само да одржиме детални
разговори за да им објаснам подобро што се обидуваме да направиме”.
„Треба да бидеме
трпеливи. Убеден сум дека ќе се приклучат голем број играчи ширум светот”.
„Се надевам дека
првиот од Англија ќе го добиеме веќе следната недела”.