Не му е паметно, Матиќ открива како Мурињо ги подготвувал за дуелот со Ливерпул

by
1 минути читање

Во дуел на двата
најтрофејни клуба од Англија, Ливерпул на Енфилд го пречекува Манчестер
јунајтед.

За „Црвените ѓаволи“ ова е првиот сериозен тест во Премиерлигата оваа сезона, гостувањето
ќе биде тешко, па Жозе Мурињо сака да се осигура дека неговите играчи ќе бидат
целосно подготвени за средбата.

Немања Матиќ, кој
одлично се вклопи во тимот по трансферот од Челси, сега открива дел од советите.

„Добро се
подготвивме
– вели Србинот.
„Менаџерот ни покажа видео снимки од Ливерпул, ни кажа на што да обрнеме
внимание и како да ги сопреме
.

„Секогаш се
обидуваат да постигнат гол во првите 10-15 минути. Мораме да бидеме подготвени
за ова, ќе треба да одиграме агресивно, на исто ниво на кое ќе игра и Ливерпул
.

„Црвените“ се
познати по високиот пресинг што го играат, и желбата што поскоро да ја „начнат“
мрежата на противникот, па останува да се види како ќе се одвиваат работите и дали Жозе Мурињо пак ќе го „паркира автобусот“ на Енфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×