Бразилецот, кој
важи за еден од најдобрите леви бекови во Шпанија, има водено безброј битки со Лео
Меси покрај аут линијата.
Во разговор со Ел
Мундо, Филипе Луис отворено признава дека е невозможно да се запре Лео Меси
кога тој ќе тргне во дриблинг еден на еден, па единствено решение е да се
направи прекршок.
„Слободно викајте
ме касап, но еден на еден, невозможно е да го сопрете Меси, мората да направите
фаул” – вели левиот бек
на Атлетико Мадрид.
„Од 20 обиди ќе му
ја земете топката само еднаш, па морате да користите други оружја. Сум играл
против него преку 30 пати”.
„Змнам дека не
сака да игра со грб свртен кон голот, па кога ќе прими топката морате веднаш да
бидете до него, да му дишете во врат. Доколку се почувствува комфорен, ви нема
спас”.
„Иако секогаш
постигнува гол против нас, мислам дека прилично добро му се спротивставувам”.
„Иако цело време
јас сум лошото момче поради големиот број прекршоци, тој никогаш ми нема
замерено, по крајот на натпреварите секогаш се ракуваме”.