143
Деновиве повторно се реактивираа шпекулациите за можен
трансфер на Кутињо во Барселона, тоа не се случи изминатото лето, а додатно,
атмосферата ја загреа генералниот директор на Каталонците, кој порача дека има средства во буџетот на клубот за таков трансфер во јануари.
Според информациите кои ги пренесуваат дел од медиумите
на Островот, Ливерпул има седум алтернативни решенија во случај да остане без
еден од своите најдобри поединци во тимот.
Се шпекулира дека премиерлигашот има осум опции, а тие се Жоакин Кореа од Севилја, потоа Емил Форсберг од
Лајпциг, Ријад Марез од Лестер, Леон Горецка од Шалке 04, Томас Лемар од
Монако, Чарли Мусонда од Челси, Хулиен Дрекслер од ПСЖ, како и Лоренцо Инсиње
од Наполи.