Младиот Муњоз имаше кошмарно деби, навивачите на Реал го нападнаа – мораше да ги блокира коментарите!

by riste
1 минути читање

Деби натпреварите на младите играчи обично завршуваат или незабележано или импресивно, но ситуацијата со Виктор Муњоз стана поразлична.

Анчелоти му даде шанса на младиот Муњоз на Ел Класико дуелот против Барса, а тој во 89. минута се најде во чиста ситуација за израмнување на резултатот на 4-4, но не успеа да го погоди голот.

По натпреварот Муњоз беше жестоко критикуван и навредуван од фанови на Реал Мадрид на неговите социјални мрежи. Младиот фудбалер мораше да блокира.

Интересно, Муњоз е роден во Барселона, почетоците во фудбалот ги мина во школата на Барселона каде бил три години, во генерацијата на Балде, Фермин Лопез и Чави Симонс. Важел за најталентиран меѓу нив.

Тој сега оригинално е член на Б-тимот на Реал Мадрид, но поради бројните повреди, доби шанса да дебитира за првиот тим. Можеше да стане и херој, но излезе трагичар.

Шансата на Муњоз:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×