Мечот помеѓу Торпедо и Текстил заврши нерешено со
резултат 1-1, а оваа средба се играше во рамките на 12. коло од руската Втора дивизија.
Сепак, резултатот и исходот од оваа средба остана во
сенка по тоа што го направи рускиот коментатор пи еден момент во 65. минута од
мечот, а за овој настан пренесоа и дел од светските медиуми.
Најнапред домаќините имаа шанса за водство а нивниот
фудбалер беше срушен од гостинскиот голман, коментаторот збесна откако главниот
арбитар одлучи дека прекршокот е направен на самиот раб на казнениот простор па
додели слободен удар.
Но, тука не застанаа неговите чудни одлуки од оваа
средба, па при играње со рака на гостински фудбалер во казнениот простор не досуди пенал а играта продолжи.
На ова, Владимир Николскиј уште повеќе збесна и ги остави
гледачите да го проследат остатокот од мечот без коментар, а се одјави со
зборовите „Гледајте го натпреварот без коментатор“ а претходно гледачите можеа
да слушнат од него тешки критики кон судијата Пјотр Мирошченко за кого рече
дека е „срам за рускиот фудбал“.
„Станува премногу емоционален во такви случаи кога ќе
видам дека нашиот тим е оштетен“ изјави Николоскиј по сево ова додавајќи дека не
чувствува никаква вина за таквиот негов потег.
Истиот коментатор е воедно и дел од клубот Торпедо, од
кого воедно доби и поддршка за тоа што го направи.