Парагвај е еден од најголемите губитници во
јужноамериканските квалификации за СП Русија 2018, им беше потребна победа
против Венецуела синоќа во последното коло, но наместо тоа, загубија минимално
со 0-1 пред своја публика.
Многу контроверзии го потресоа последното коло од
јужноамериканските квалификации, а една од нив сега доаѓа и од мечот во
Асунсион каде Херера го сруши сонот на домаќините за пласман на големото
натпреварување.
Селекторот на Венецуела, Рафаел Дудамел по мечот откри
еден интересен детал.
„Во пресрет на мечот имавме неколку посетители во хотелот
каде бевме сместени, се работи за девојки, Парагвајците на тој начин сакаа да
не подмитат, тоа се стари финти, иако избрале многу убави девојки, морам да
бидам искрен за тоа. За среќа, немаше никакви искушенија и ние ги освоивме сите
три бода. Времето се промени, фудбалот еволуираше“ истакна Дудамел.