Војчех Шчесни е втор голман на италијанскиот првак и
европски вицепрвак Јувентус, а 27 годишниот полски чувар на мрежата летово
премина во редовите на тимот од Торино каде засега има само два настапи, тешко
дека може повеќе од тоа со оглед на фактот што прв голман е легендарниот
Џанлуиџи Буфон.
Полјакот во изјава за италијанските медиуми вели дека
единствената причина по која се преселил во Јувентус се трофеите, а клубот има
победнички менталитет.
„Дојдов овде да освојам се што е можно да се освои, го
одбрав Јувентус поради победничкиот менталитет кој го имаат, секој ден на
тренинзите се чувствувам се посилен и посилен и се посигурен во себе дека можам
да играм за овој клуб“ рече Шчесни кому изгледа не му се допаѓало постот на
Арсенал во битката по големите трофеи, кои осамнаа во Лондон.
Инаку Шчесни забележа 132 настапи за Арсенал, своевремено беше испратен и на позајмици во Брендфорд и Рома, а летово се одлучи за разделба со Арсенал и трансфер во Јувентус.