141
Аргентина со триумф од 1-3 на гостувањето кај Еквадор го
фати последниот воз за Мундијалот во Русија, а за регуларноста во победата на
Гаучосите се посомнева Џои Бартон.
„Утрово имав можност да ги проследам головите на Меси,
нешто не е во ред со движењето и однесувањето на фудбалерот со број 23 од
Еквадор“ напиша Бартон на социјалните мрежи.
Интересно, станува збор за 22 годишниот дефанзивец Дарио Аимар, инаку
фудбалер на еквадорска Барселона, кој во првиот гол на Меси не реагираше, а во
третиот направи грешка при што топката дојде токму до првата ѕвезда на
Аргентина кој со хет-трик ја одведе својата селекција на Мундијалот во Русија
идната година.