119
Англија славеше со 3-2 над Мексико во второто коло од
групата „Ф“ од Светското првенство во Индија за фудбалери до 17 годишна
возраст.
Водечкиот гол за победничкиот табор беше постигнат од
Рајан Бристер, 17 годишниот фудбалер, инаку член на Ливерпул, кој на извонреден
начин погоди од слободен удар од голема далечина.
Бристер е инаку во сениорскиот тим на Ливерпул, но засега
е без настап во Премиерлигата сезонава, веројатно сега би можел да го убеди
Јирген Клоп за настап во најсилниот англиски шампионат.