Според информациите кои ги пренесуваат дел од медиумите,
се вели дека европскиот и шпански првак Реал Мадрид нуди пакет од тројца
фудбалери, меѓу кои Герет Бејл, Лука Модриќ и Карим Бензема за напаѓачот на
англискиот премиерлигаш Тотенхем, Хари Кејн.
Во последните неколку години Реал Мадрид и Тотенхем
направија неколку клучни зделки во однос на трансфери за тимот од Шпанија, а се
издвојуваат токму Лука Модриќ и Герет Бејл, кои сега се чини дека се во пакет
за враќање во тимот од Северен Лондон.
Нема сомнение дека Кејн е еден од најдобрите напаѓачи во
Европа и воедно светот, а доказ за тоа е секако неговиот учинок во
премиерлигашот, како и репрезентацијата, оваа година на 37 настапи Кејн
постигна 43 погодоци.