Синоќешните натпревари од јужноамериканските квалификации
за Мундијалот минаа низ многу контроверзни моменти, така беше во Панама каде
беше постигнат еден од најчудните голови за кои долго ќе се зборува, а бележиме
и еден крајно контроверзен момент од средбата помеѓу Перу и Колумбија.
Најдобрата опција за обете екипи беше реми, по што така и
заврши овој меч (1-1), а Перу се избори за место во баражот, додека пак
Колумбија обезбеди директно учество на Мундијалот.
Камерите го уловија напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао
во разговор со противничките фудбалери, а дел од медиумите на големо прашуваат
за што имал конверзација со фудбалерите на Перу.
Јасно се гледа дека по неговиот разговор со нив, дел од
Перуанците му велат да се смири, а многумина шпекулираат дека Фалкао се
обидувал да им укаже на противниците да не се обидат да дојдат до триумф
бидејќи ремито е најповолно за обете екипи.
Инаку, Колумбија прва поведе на мечот во Лима со
погодокот на Родригез во 56. минута, на 1-1 израмни Гереро во 76. минута.