На Аргентина и се закануваше неуспех во квалификациите за
Мундијалот во Русија идната година, но, „Гаучосите“ го фатија последниот воз и
тоа со триумф на гостувањето кај Еквадор до 1-3, во последното коло од
јужноамериканските квалификации.
Херој за една од најфудбалските земји во светот беше, кој
друг ако не првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси, кој блесна кога беше
најпотребно, а одличното издание во Квито го круниса со хет-трик.
„Ние бевме целосно смирени, ја постигнавме целта по која
дојдовме, тоа е најважната работа. Благодарение на бога, зацртаната цел ја
остваривме…“ изјави Меси по мечот во Еквадор.
„Ќе беше лудо да не се најдеме на Светското првенство,
заслуживме да се пласираме…“ додаде тој.
Меси во јужноамериканските квалификации постигна седум гола на вкупно 18 натпревари.